Search

NEBIM V3 – ЕРП систем


Замислете ги податоците со кои треба да менаџираат бизниси кои имаат над 60 локации, од кои одреден број се франшизи. Замислете ги сите процеси, бројки, и ексели кои треба да се изанализираат. Замислете дека има едноставно решение кое ќе испроцесира сите податоци и ќе ви освозможи да располагате со вистински статистики и факти за да донесете правилни бизнис одлуки. Е тоа е NEBIM V3 - ERP софтверската платформа која лесно се интегрира со ULTIMA модулот за финансиско работење.


Во 2019 Де-Та Дејан, кој поседува 40 свои продавници и 25 продавници кон франжизери во Македонија, Србија и Косово го имплементирање NEBIM V3 ERP решението. NEBIM овозможи целосна контрола и управување со процесите при прием на суровини и репроматеријали, производните процеси, процесите во малопродажба и продажбата на големо од своите два дистрибутивни центри. Софтверот е поставен во сите малопродажни објекти со што се овозможува целосна интеграција и поврзување во единствена база на податоци. Сето ова овозможува работа и преглед на состојби во реално време.


Финансискиот консалтинг, како и сите задолжителни финансиски извшештаи се обработуваат и генерираат во ULTIMA модулот кој обезбедува автоматско превземање на документите и податоците од NEBIM V3 и се реалзира автоматско книжење. На овој начин е направена целосна интеграција и унифицираност на податоците и состојбите од NEBM V3 кои преку ULTIMA модулот ја задоволуваат законската рамка на финансиска обработка и прегледи за состојбите на Де-Та Дејан Сара Фешн.


65 views0 comments