Search

ULTIMA Модул за откуп на млеко

Updated: Aug 8


ДУНА разви решение за управување со процеси при откуп на млеко од кооперанти за потребите на СентисАГ.


Во изминатиот период, оваа евиденција се вршеше рачно. По откупот и приемот на сурово млеко, податоците се внесуваа во постоечиот ЕРП систем. Овој процес одземаше многу драгоцено време и постоеше голем ризик за внес на погрешни податоци, недостаток на дополнителни информации на терен за вкупно откупена количина, одбитоци и слично.



Одговорните лица за откуп на сурово млеко од кооперантите, со новиот модул ќе можат веднаш да го евидентираат количеството на откупено млеко и датумот и времето на превземање. Апликацијата ќе се користи на Android базирани мобилни уреди (паметен телефон или таблет). Корисникот ќе има можност да ја види вкупната количина на откупено млеко за избраниот кооперант и евентуалните одбитоци пресметани во тековниот месец.


Овој модул ќе биде достапен и преку стандарден веб пребарувач што ќе овозможи преглед и управување од која било локација за регистриран корисник кој има право да пристапи до оваа функционалност.



Новиот модул на Сентис обезбедува брзина во работењето, намалување на можност за грешка и поголема контрола и увид на откупени количини на сурово млеко, што ќе го подобри планирањето за складирање, обработка и понатамошни производни процеси.




21 views0 comments