Search

Апликација за мобилно В2В и В2С работење во Еуро Табак


Миграција од UDM Windows mobile на UDM CRM Android –апликација за мобилно В2В и В2С работење во Еуро Табак


Еуро Табак во изминатите години за својата комерцијална сила ја користеше мобилната апликација ULTIMA Distribution Mobile базирана за Windows Mobile 6.5 и истата повеќе од 6 години се користи на Zebra MC67 рачни компјутери.

Веќе подолг период се соочуваме со проблеми околу техника подршка за скапите резервни делови за рачните компјутери како и подршка на апликативно ниво (Microsoft во јуни 2019 ја заврши својата подршка за Window Mobile платформата). Кај нас, а и во светот се помалку може да се најдат Windows базирани рачни компјутери.


Што можете да направите кога користите технологија која е во заминување и ви треба брза промена и адаптација?


Еуро Табак се одлучи за набавка на нови Android базирани рачни уреди и затоа имаа барање за нова Android базирана мобилна апликација за комерцијалната сила на терен.




Новата апликација Ultima Distribution Mobile CRM обезбедува дополнителни функционалности и можности кои на корисникот кој работи на терен му овозможуваат целосна контрола и упаравување со комерцијални процеси при посета кај клиент. Апликацијата обезбедува:


· Store check за проверка на допстпност на артикли во продажеен објект според договорени услови

· Идентификација на задолжителни артикли кои не се изложени (out of stock)

· Идентификација на артикли кои се на акција

· Контрола на кредитен лимит при креирање на нов документ

· Преглед на претходни продажби за избран клиент

· Креирање на голем број на документи – фактура, испратница, готовинска сметка, нарачка, повратница, прашалник и др.

· Запис на гео-локација при креиран документ

· Преглед на документи, топ продажби, остварување на таргет и др.

· Работа во рута или надвор од рута

· Идентификација на комитент преку баркод слика

· Скенирање на баркод од артикли преку камера

· Работа во реално време преку мобилен интернет


Апликацијата воведе поголема контрола на работењето, брзина во превземање на податоци и испраќање на креирани документи, преку едноставен и лесен за користење интерфејс.




Оваа целокупната промена му обезбеди на менаџментот брз преглед во состојбите, целосна контрола во однос на договорени услови со клиенти, пократко време за реализација на продажби и дополнителни информации за анализа и носење на навремени и клучни одлуки од раковдните лица.


Апликацијата која е прилагодена за Android базирани уреди овозможи целосна незаисност во изборот на моделот на мобилен уред за работа на терен и голем избор на достапни модели.

60 views0 comments